Запирање на капиларна влага

Влажни ѕидови? Мувла? Непријатен мирис? Штетни соли?

Многу објекти се соочуваат со сериозни проблеми предизвикани од влага – влажни ѕидови, мокри подруми, мувла, штетни соли и непријатен мирис. Со текот на времето се појавуваат видливи оштетувања: лупење на бојата, ронење на малтерот или подуени тапети. Овие состојби не се само естетски проблем, туку директно влијаат врз здравјето, удобноста и стабилноста на домот.

Влажните ѕидови се постудени, што создава услови за кондензација дури и при мали температурни разлики. Тоа речиси секогаш доведува до појава на мувла – не само на површината, туку и длабоко внатре во самиот материјал.

Честопати започнува со дамки, но брзо може да стане сериозен здравствен ризик, особено за деца, постари лица и лица со респираторни проблеми. Непријатниот, затворениот и тежок мирис што се создава од влагата го прави просторот неподнослив
за живеење.

Освен тоа, влагата значително ја намалува изолацијата на ѕидовите, што директно ги зголемува трошоците за греење и ладење.

Навремената санација значи поздрав дом, пониски трошоци и долготрајна заштита.

VEINAL® трајно ја запира капиларната влага.

Решение: VEINAL® ефикасен систем за трајно запирање на капиларната влага со метод на инјектирање.

Во ѕидовите се дупчат канали на одредени растојанија и длабочини – во зависност од дебелината и степенот на навлажнување. Во овие канали се инјектира VEINAL® силиконска смола. Благодарение на својата ниска вискозност, VEINAL® растворот длабоко продира и рамномерно се распоредува низ структурата на ѕидот.

Без надворешни раскопувања(дренажи), без големи градежни зафати и без непотребни трошоци.

Силиконската смола реагира со влагата присутна во материјалот и се трансформира во полимерна заштитна бариера. Оваа технологија овозможува создавање на трајна хоризонтална бариера која го спречува натамошното искачување на влагата низ
ѕидовите.

Вообичаено, заштитната бариера се формира во рок од 1–3 денa, по што ѕидот постепено се суши.

Сертифицирана ефикасност и докажани резултати

VEINAL® со децении успешно ја применува оваа метода низ Европа и нуди сигурност потврдена со 20 години гаранција од производителот.

Ефикасноста на системот е потврдена со независни тестирања од реномирани институции, како:

Испитувањата покажуваат 100% ефикасност на VEINAL® силиконската смола.

Илјадници успешно санирани објекти низ Германија и Европа, а сега и на Балканските простори ја потврдуваат сигурноста на системот – од семејни куќи и подруми, до цркви и историски објекти.

Доверба изградена со резултати. Решение докажано во пракса.

VEINAL® хоризонталната бариера е сигурно, современо, економично и еколошко решение за трајно сушење на влажни ѕидови, потврдено со соодветни сертификати и тестирања.
VEINAL® хоризонталната бариера е сигурно, современо, економично и еколошко решение за трајно сушење на влажни ѕидови, потврдено со соодветни сертификати и тестирања.
Scroll to Top