За нас

Повеќе од 35 години докажани решенија против влага и мувла

VEINAL® е специјализиран бренд за санација на влага, хидроизолација и заштита на објекти од влага, мувла и оштетувања предизвикани од влага. Со повеќе од 35 години искуство, VEINAL® системите успешно се применуваат во илјадници домови, станбени, деловни и индустриски објекти низ Европа, вклучувајќи и историски објекти и објекти од културно значење.

Веинал Паневски-Градба е официјално претставништво и партнер на VEINAL® за Балканот. Нудиме сертифицирани германски системи и технологии, развиени за трајно решавање на проблеми со влажни ѕидови, влажни подруми, мувла, штетни соли, непријатен мирис и оштетувања предизвикани од влага. 

Нашиот пристап започнува со анализа на проблемот, по што подготвуваме конкретен предлог и решение според состојбата на објектот. Без непотребни зафати и без импровизации, со јасна цел: суви, здрави и долгорочно заштитени простори.

98%

Еколошки производ

Германски бренд со традиција, сертифициран квалитет и гаранција

VEINAL® е основан во Германија во 1981 година и повеќе од 35 години развива системи за заштита на објекти од влага, мувла и оштетувања на ѕидовите. Денес, брендот е препознатлив низ Европа по своите решенија за хоризонтална заштита, сушење и санација на влажни ѕидови.

Во текот на годините, VEINAL® има реализирано илјадници проекти во станбени и деловни објекти, со системи развиени врз основа на долгогодишно искуство и практични тестирања.

Системите на VEINAL® се тестирани и сертифицирани од релевантни германски институции и лаборатории, со гаранција до 20 години.

Присутни низ целиот Балкан

VEINAL® системите за заштита од влага, мувла и оштетувања се достапни и успешно ги применуваме низ целиот Балкан

Загарантиран квалитет

Сертификати и лабораториски извештаи кои ја потврдуваат ефикасноста на VEINAL® системите за хидроизолација.

Scroll to Top