VEINAL® е специјализиран бренд за трајна санација на влага, хидроизолација и заштита од мувла и оштетувања на ѕидови, настанати како последица на влага. Како официјално претставништво за Балканот, нудиме сертифицирани германски системи со повеќе од 35 години искуство и гаранција до 20 години. Со прецизна дијагностика и докажани технологии, обезбедуваме долгорочни решенија што ја запираат влагата во корен – за здрав, сув и безбеден објект.
Влагата и мувлата не го оштетуваат само домот, туку и здравјето на луѓето кои живеат во него. Долготрајната изложеност на влажни ѕидови и мувла може да предизвика алергии, астма, иритации на дишните патишта, кашлица, главоболки и постојано чувство на замор. Најризично е за децата, кај кои симптомите често се развиваат побрзо и можат сериозно да го нарушат здравјето и секојдневието.
Колку подолго е присутен проблемот, толку повеќе се влошуваат и состојбата на објектот и условите за живот. Затоа е важно навреме да не контактирате, за нашиот тим да направи детална анализа и да предложи соодветно решение за трајна санација.
Тимот на VEINAL® врши стручна проценка на состојбата и ја изведува потребната санација со сертифицирани системи и технологии, со цел трајно да се отстранат влагата и мувлата и повторно да се обезбеди сув, здрав и безбеден простор.
Гаранција и квалитет
Загарантиран квалитет
Сертификати и лабораториски извештаи кои ја потврдуваат ефикасноста на VEINAL® системите за хидроизолација.
VEINAL® е германски бренд кој нуди производи за трајно решавање на капиларна влага, преку инјектирање на силиконска смола што создава хоризонтална бариера во ѕидовите.
Наместо привремено прикривање на последиците, VEINAL® трајно го запира подигањето на влагата од темелите и помага ѕидовите повторно да останат суви, стабилни и здрави.
Со повеќе од 35 години искуство, VEINAL® е препознатливо решение за заштита на домови, објекти и фасади од капиларна влага и нејзините последици.
Пред и потоа
Трајно решение за влага и мувла во вашиот дом
Влажните површини создаваат услови за појава на мувла и оштетувања кои со време се влошуваат. Со прецизна анализа и соодветен систем за санација, ѕидовите повторно стануваат суви, чисти и долгорочно заштитени.
Побарајте стручно решение
Јавете се, опишете го проблемот или испратете фотографија, а нашиот тим ќе ве исконтактира во најбрз временски рок.